Овае ШЕМАТА ЗА ИСПЛАТА НА РЕКЕТ на Боки 13 од 400.000 евра во Србија

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овае ШЕМАТА ЗА ИСПЛАТА НА РЕКЕТ на Боки 13 од 400.000 евра во Србија

По објавата на порталот Вечер со информации дека еден од рекетите на Боки 13 од 400.000 евра е наплатен во Србија а исплатата е во врска со поранешниот директор на македонски Телеком Жарко Луковски кој е под истрага на СЈО за случајот Базни станици, а се спомнува и во уште еден предмет, неочекувано порталите блиски до СДСМ како и нивните ботови на социјалните мрежи излегоа во одбрана на Жарко Луковски и теза дека за него работата не е завршена, иако Боки 13 во снимките со Орце Камчев децидно тврди дека “работата е завршена и многу сум задоволен бидејќи човекот беше прецизен“, вели Боки 13 . Мотивите за овој став на ПР тимот на СДСМ можеме лесно да ги препознаеме, можно е Жарко Луковски да го има(л) и дава(л) тоа што на нив им треба.

 

Дали е завршена работата и за што е завршена останува да утврди обвинителката Вилма Рускоска. Ние ги контактиравме своите извори на информации во Србија и добивме дополнителни детали за целиот случај кои ја зајакнуваат нашата приказна. Добиваме одговор зошто рекетот од 400.000 евра бил исплатен токму во Србија.

 

Имено, една од најсилните контакт и бизнис врски на Жарко Луковски во Србија е бизнисменот Веселин Јевросимовиќ, кој е многу влијателна личност и во српската политика. Бил близок пријател и соработник со речиси сите српски лидери, заедно со Милан Беко и Мирослав Мишковиќ, најмногу со Демократите и Борис Тадиќ и ЛДП на Чеда Јовановиќ но, лесно ги менува страните па денес е колумнист во еден од најпопуларните српски весници и портали, Информер. Јевросимовиќ се јавува и како менаџер на српската компанија ЦТ Комујтери која имаше голема афера во Албанија, во 2008 година кога доби тендер вреден 10 милиони евра за испорака на компјутери за албански училишта финансиран од Светска банка. И Македонските медиуми во тоа време пишуваа дека се понудени и испорачани лажно брендирани компјутери.

 

Во март 2013 година на куќата на Веселин Јевросимовиќ во Белград се фрлени две бомби од мотор во движење, а извршителите никогаш не се откриени.

 

Жарко Луковски станува директор на Т-Мобајл (Македонски Телеком) од 2006, а од 2010 е главен извршен директор на Т-Мобајл. Во 2007 година во Македонија се формира фирма-ќерка ЦТ Комујтери МК Скопје, на улица Киро Глигоров број 13. Оваа ЦТ Комјутери од Скопје станува снабдувач со компјутери на Македонски Телеком за износ над 3 милиони евра и за потреби на ученици во Македонија, со добиен тендер во 2009 година во вредност од 11 милиони евра.

 

Во тоа време весникот и порталот Вечер пренесоа и објавија дека тогашниот министер за информатичко општество Иво Ивановски од Вечер побара поддршка за својот став дека набавките за Телеком не се во ред бидејќи зад фирмата ЦТ Комјтери стои директорот Жарко Луковски, а самите компјутери имаат сомнително потекло, како и тие во Албанија. Вечер ова го објави, но тоа не го спречи ЦТ компјутери да ги спроведе испораките. И државниот завод за ревизија написмено дал свои забелешки дека овој тендер има спорни моменти. Иво Ивановски, се до заминувањето во 2015 година, ова го тврдеше и пред други медиуми за што пишуваше и неделникот Фокус на 4 септември 2012 година, а Жарко Луковски својот партнерски однос со Веселин Јевросимовиќ го потврдуваше низ годините, заклучно и во 2012 кога во кус период Веселин Јевросимовиќ имаше малцински удел во ТВ Алфа.

 

Компјутерите на ЦТ Компјутери Македонски Телеком ги продаваше преку пакетот Т-хоум што беше надвор од законот за што јавно укажа и македонската Комора за информатичко-комуникациски технологии уште во јуни 2008 година, но Јевросимовиќ и неговиот партнер во Македонија и покрај се, па и отпор од министерот Иво Ивановски, ги спроведоа своите бизниси во Македонија.

 

Боки 13 со години е во контакт и во пријателски односи со српскиот тајкун и политичар од ЛДП Чеда Јовановиќ, политички соработник на Веселин Јевросимовиќ со години наназад, а пред некое време Чеда Јовановиќ беше гостин и на 1ТВ на Боки 13. Деловниот однос на Боки 13 и другиот српски тајкун, советникот на Заев - Зоран Башановиќ им е познат на сите, па и на истрагата за Рекет.

 

А што е со македонската ЦТ Комјутери која имала промет од над 15 милиони евра за неколку години? Денес е изгасен нивниот сајт ctcomputers.com.mk, изгасен е и фејсбук профилот, а во Централен регистар ја нема. Накусо, фирмата изсчезнува откако завршила работа.

 

Зошто исплатата на рекет од 400.000 евра е токму во Србија, и зошто е тоа интерес и на српските органи на прогон и обвинителството? За првото прашање веќе имаме одговор: фирмата ЦТ Комјутери е во Србија, а пред околу три години при промена на власта во Македонија според нашите српски извори Жарко Луковски добил српско државјанство и има стан на Нови Београд, во близина на ресторанот Џери.

 

Интересот на српските органи на прогон не е Боки 13 кој делата ги вршел, во најголем дел, во Македонија туку бизнисменот Зоран Башановиќ, соработник на премиерот Заев и на Боки 13 кој се смета и за идеен креатор на проектот 1ТВ. Неговите бизнис проекти во Србија се сметаат, во најмала рака, за длабоко сомнителни и кримогени.

 

А зошто, одеднаш, ПР сервисот на СДСМ и нивните портали и ботови застанаа во одбрана на Жарко Луковски и сега, како и по прес конференцијата на тогашниот генерален секретар на СДСМ Кирацоски кој во април 2016 ги прозва Жарко Луковски и тогашниот министер Иво Ивановски за тендерот за компјутери во училиштата? По тој прес никогаш веќе не се спомна, од страна на било кој висок функционер на СДСМ, овој случај.

 

Српската и партиска врска за разводнување на рекетот од 400.000 евра исплатен во Србија би можела да биде и Шеќеринска, која не бадијала се дружела со Боки 13 кај кого одела на вечери дома заедно со Катица Јанева, и поврзаноста на Шеќеринска со Зоран Башановиќ откако е советник во нејзината влада. Врската со кримогени типови од Србија е и кумот на Радмила Шекеринска, Обрад Сикимиќ, регионален директор на Дајнерс во Белград, а сопругот на Шекеринска е директор на Дајнерс во Скопје.

 

Во март 2018 година Обрад Сикимиќ беше уапсен во Белград, и заврши во притвор, заради измама и проневера на Дајнерс во износ од 20.361.197 евра. Да се потсетиме, македонското обвинителство имаше покренато истрага за сомнителни издавање четири станови на Шекеринска сами на себе, а за потреби на Дајнерс, при што се земени за таа цел повеќе од 360.000 евра. Со одлука на претседателот Ѓорѓи Иванов осомничениот беше амнестиран.

 

Истражувањето продолжува....

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата