Шахтата која преживеа со 16- крако СОНЦЕ (ФОТО)

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шахтата која преживеа со 16- крако СОНЦЕ (ФОТО)

Оваа шахта е сликана денеска, и е со 16-крако Сонце. Успеала да преживее или надлежните ја утнале, откако пред неколку дена започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини. Впечатливо е дека тоа се менува и на шахтите во главниот град.

Нејзината локација не ја откриваме.

Оваа обврска е регулирана во член 8 став 3 од Преспанскиот договор во кој е посочено дека: „Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба".

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата