Vivo го покажа Nex 3 смартфонот и новото waterfall закривено стакло

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Vivo го покажа Nex 3 смартфонот и новото waterfall закривено стакло

Компанијата Vivo ја подигнува атмосферата во пресрет на претставувањето на својот нов Nex смартфон и ги објави неговите скици, како и новото waterfall закривено стакло.

Продукт менаџерот на Nex, Ли Ксијанг објави скица од закривеното waterfall стакло, а потоа јавно ја покажа и скицата на Nex смартфонот.

Скиците покажуваат дека Vivo ја користи метафората waterfall да ја опише закривеноста на работ на стаклото од речиси 90 степени. Задниот панел на новиот уред Nex има кружно испакнување во кое се сместени три камери.

Првиот Nex смартфон на Vivo воедно беше и првиот со pop-up селфи камера и еден од првите со сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот. Вториот Nex дизајн, Dual Display Edition беше технички импресивен, но и малку чуден смартфон кој се појави кон крајот на годината. Сега се очекува дека Vivo да претстави нов уред со уникатни карактеристики.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата