Утре посвежо, со дожд и грмежи

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре посвежо, со дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер. Температура од 18 до 28 степени.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата