СИЛЕН ГРАД И ВРНЕЖИ: Ни доаѓа невреме и заладување

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СИЛЕН ГРАД И ВРНЕЖИ: Ни доаѓа невреме и заладување

Оваа вечер и ноќ нашата територија ќе биде под влијание на судир на двете воздушни маси (многу посвежата од север и значително потоплата од југ). Во ваква ситуација на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради големата енергија во атмосферата ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер и појава на град кој локално има услови истиот да биде од поголема величина (покрупен).

Во текот на оваа ноќ температурите на воздухот ќе бидат во значителен пад и тоа поради продорот на многу посвежата воздушна маса од север, истите ќе бележат тенденција на пад дури и за повеќе од 10 степени и веќе во текот на утрешниот ден ќе биде многу посвежо и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 24 до 33 степени – прогнозира Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено на некои места и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Попоски предупредува, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења граѓаните да бидат внимателни, исто така во случај на олуен ветер да се избегнува паркирање на автомобилите во близина на дрвја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата