Забрането сушење алишта во јавност и во Пула

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Забрането сушење алишта во јавност и во Пула

Во Пула е донесена одлука за комунален ред, со која се забранува сушење на алиштата во јавноста, а казните за тој прекршок ќе изнесуваат 68 евра, односно 34 евра на самото место.

На овој начин, покрај градовите Риека, Шолта, Млет, Каштелите, Пула е уште еден  хрватски град каде што мештаните веќе нема да можат да ги сушат алиштата на јажето од прозорец до прозорец, односно таканаречените тирамоли.

Оваа одлука ги вознемирува граѓаните на Пула, кои тој начин на сушење на облеката го сметаат за традиција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата