Властите во Чеченија имаат намера да реставрираат замок стар 1.500 година, соопшти лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.
„Во Шаројскиот реон видов историско-архитектурен комплекс во кој влегуваат седум кули, џамија и свод. Тоа е единствен објект кој е стар околу 1.500 години. На територијата на комплексот се преземаат мерки што ќе овозможат да се зачува и да се обнови овој споменик на културата,“ напиша Кадиров на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“.
View this post on InstagramA post shared by Kadyrov_95 (@kadyrov._95) on
Кадиров додаде дека во моментот се врши реставрација на четири кули, а активности се одвиваат и на други делови од историскиот комплекс. На овој начин властите сакаат да го развиваат планинскиот и културниот туризам во Чеченија.
„Пред нас е низа амбициозни планови за развој на туризмот, индустријата и на целокупната социјална сфера на Шаројскиот реона за да се сочува историско-архитектурното наследство“, нагласи Кадиров.
извор: Makfax