Обвинителство: Нема да споделуваме информации кој се ќе дава исказ за ,,Рекет”

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинителство: Нема да споделуваме информации кој се ќе дава исказ за ,,Рекет”

Во тек е финансиска истрага за случајот ,,Рекет”, се вештачат одземените електронски уреди, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, соопшти Обвинителството во врска со случајот којшто со денови ја бранува јавноста. Повеќе информации во интерес на истрагата не се споделуваат.

,,Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.

Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ. Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор”, се наведува во соопштението на Обвинителството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата