Објавено писмо од обвинетиoт за масакрот во Крајстчрч кое го испратил од ќелија

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавено писмо од обвинетиoт за масакрот во Крајстчрч кое го испратил од ќелија

Официјални претставници на Нов Зеланд денес признаа дека направиле грешка дозволувајќи му на Брентон Терант, обвинет за убиство на 51 лице во две џамии во Крајстчрч, да испрати писмо од неговата затворска ќелија.

Писмо на Брентон Терант на шест страници беше објавено неделава на интернет-страницата „4chan“, која стана озлогласено место на кое белите расисти ги искажуваат своите ставови, објави агенцијата АП.

Писмото е објавено во чувствително време, кога други наводни убијци од Ел Пасо до Норвешка го наведуваат Терант како инспирација за своите напади, јави агенцијата.

Писмото се чини дека е напишано во молив во мал нотес и е упатено до Ален во Русија.

Голем дел од писмото изгледа релативно безопасно и зборува за едномесечното патување на Терант во Русија во 2015 година.

Но, тој исто така во писмото тој предупредува дека ќе дојде до голем конфликт и користи јазик што може да се толкува како повик за земање оружје.

Министерот за внатрешни работи, Келвин Дејвис, во изјава рече дека смета оти затворскиот систем не требало да му дозволи на Тарант да го испрати писмото.

„Јас јасно ставив до знаење дека такво нешто не може да се повтори“, рече Дејвис.

Но, Дејвис сепак истакна дека сите затвореници во Нов Зеланд имаат права што вклучуваат можност за испраќање и примање пошта. Тој посочи дека во случај како на Терант може да бидат направени исклучоци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата