Володин: САД стојат зад понуденото државјанство од Киев за руските политички бегалци

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Володин: САД стојат зад понуденото државјанство од Киев за руските политички бегалци

Претседателот на руската државна Дума, Вјачеслав Володин, смета дека САД стојат зад одлуката на украинскиот претседател Владимир Зеленски да воведе систем за брза постапка со која политички гонетите руски државјани би добиле украинско државјанство, пренесува ТАСС.

„Јасно е дека Стејт департментот на САД стои зад овие одлуки“, рече Володин. „Оние кои ги прекршиле законите на Руската Федерација и сакаат да ја избегнат казната и да добијат политичко засолниште преку азил, ќе бидат испратени во Украина наместо во САД или во Велика Британија“, рече Володин.

„Тие таму ќе се соочат со несреќна судбина: да го посеат семето на раздорот и да создадат тензии меѓу нашите држави откако ќе се откажат од мајчиниот јазик и верувањата“, предупреди тој.

Според Володин, понудата на Зеленски, всушност, сведочи за одлуката на Вашингтон и Лондон да го ограничат или престанат давањето политички азил на руски државјани.

„На САД и Велика Британија веќе не им требаат на Русите што бараат политички азил. Скапо е да ги поддржуваат, па по одреден временски период престануваат да наддаваат, се разочаруваат од своите газди и почнуваат да даваат инкриминирачки изјави, или накусо, не носат ништо освен проблеми“, рече тој.

Во исто време, посочи тој, чист популизам е да се канат граѓаните од други земји во држава во која секој сектор е погоден од криза.

„Деновиве милиони украински државјани мигрираат во Русија и во европските земји. Луѓето масовно ја напуштаат Украина во потрага по работа. Најмалку три милиони Украинци работат само во Русија, а секој осми украински државјанин работи надвор од земјата. Нема работа во Украина, а животниот стандард е низок“, додава Володин.

Предлогот на украинскиот претседател Владимир Зеленски е популистички заговор бидејќи Русија нема политички затвореници, рече во вторникот претседателот на Комисијата за надворешни работи на државната Дума, Леонид Слуцки.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата