Германија мора да прими бегалец кој бил сопрен на граница и депортиран во Грција

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија мора да прими бегалец кој бил сопрен на граница и депортиран во Грција

Германија мора да прими бегалец кој бил сопрен на граница и депортиран во Грција, пресуди судот во Минхен.
        
Организацијата „Про Асил“ објави дека ова е прва ваква судска одлука.Станува збор за барател на азил од Авганистан којшто во мај со воз ја поминал од Австрија.
        
Германската полиција веднаш одлучила да го депортира во Грција врз основа на базата на податоци на Европската унија, која покажала дека тој претходно се регистрирал во таа земја.
        
Судот одлучи дека не постои основа во европското законодавство за такво полициско дејствување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата