Нов инцидент на бродот „Атлантија“ во Хрватска, отруен и еден полицаец

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов инцидент на бродот „Атлантија“ во Хрватска, отруен и еден полицаец

Инцидентот во врска со труење на италијански туристи во вторникот на брод во близина на Хвар денеска се повтори кога на еден полицаец му се слоши и интервенираше брза помош.

Воздухот на бродот „Атлантија“ сè уште е многу токсичен и опасен, пишува хрватски „Јутарњи лист“ и потсетува дека вчера почина италијанскиот бизнисмен Евгенио Винчи, додека две деца на возраст од 5 и 14 години се во критична состојба.

Во тек е интензивен преглед на бродот од страна на полицијата и инспекторите од разни профили, а на еден полицаец дури и му се слошило, па затоа бил однесен од Службата за брза помош.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата