Украинската автокефална црква и официјално престана да постои

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинската автокефална црква и официјално престана да постои

Украинската автокефална православна црква (УАОЦ) официјално престана да постои и е припоена на новата Православна црква на Украина (ОКЦ), се вели во соопштението објавено денес од украинскиот парламентарен весник „Глас на Украина“.

Верската организација Украинска автокефална православна црква на 29 јули 2019 година е реорганизирана, односно споена со верската организација Православната црква на Украина, се вели во соопштението, според ТАСС.

Поради распуштањето на УАОЦ, сите налози издадени од властите во нејзино име пред 29 јули беа отповикани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата