Семејството на исчезнатата Нора нема да бара кривична истрага за нејзината смрт

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејството на исчезнатата Нора нема да бара кривична истрага за нејзината смрт

Семејството на ирската тинејџерка пронајдена мртва во малезиска џунгла соопшти дека нема да бараат кривична истрага за нејзината смрт.

Малезиските власти потврдија дека телото на Нора Кворин било пронајдено 10 дена откако таа исчезна околу 2,5 километри од одморалиштето во дождовната шума во Серебан, каде што била на одмор со семејството.

Локалната полиција соопшти дека ги очекува резултатите од обдукцијата во текот на денот.

Адвокатот на семејството, Санкара Н. Наир, рече дека нема да бара истрага бидејќи во Малезија, како и во повеќето земји, тоа треба да го направи самата полиција.

Британска добротворна организација која им помага на семејствата на луѓе кои исчезнаа или се убиени во странство, фондот „Луси Блекмен“, рече дека семејството првично се сомневало дека исчезнувањето на Нора е поврзано со некакво кривично дело, бидејќи таа била многу ранлива и никогаш претходно не го напуштила своето семејство доброволно.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата