Сателитски снимки на кинески паравоени сили во близина на границата со Хонгконг

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сателитски снимки на кинески паравоени сили во близина на границата со Хонгконг

Кина ги натрупува паравоените сили на Народната полиција недалеку од границата со Хонгконг, податоците се добиени од сателитски снимки, објави денес АП.

Со помош на системот Maxar WorldView, забележано е дека оклопни и други воени возила се паркирани во спортскиот комплекс во Шенжен, спроти хонгконшкото пристаниште.

Американската разузнавачка служба вчера објави информации за военото распоредување на Кина „на границата со Хонгконг“.

Протестите во Хонгконг траат од почетокот на јуни, без крај на повидок.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата