Xiaomi Mi 9T Pro (Redmi K20 Pro) пристигнува во Европа на 20. август

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi Mi 9T Pro (Redmi K20 Pro) пристигнува во Европа на 20. август

Xiaomi Redmi K20 телефонот веќе пристигна на некои пазари (вклучувајќи ја и Европа) како Mi 9T, но K20 Pro (односно Mi 9T Pro) моделот се уште не е објавен надвор од Кина. Тоа ќе се промени за неколку дена.

Според наводите на официјалниот Facebook профил на одделението на Xiaomi од Холандија, Mi 9T Pro ќе биде официјализиран на 20. август. Ова е потврдено за земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург), но на Xiaomi вообичаено не му треба многу за своите уреди да ги објави и на другите пазари во Европа.

Xiaomi Mi 9T Pro веќе неколку дена се наоѓа во претпродажба во Холандија, каде што моделот со 6GB RAM и 64GB простор за складирање чини 429 евра, додека 6GB/128GB варијантата чини 479 евра.

Изгледа дека телефонот во Европа ќе биде објавен во црвена, бела и црна варијанта за двата модела, додека сината боја ќе биде достапна само за поскапата варијанта.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата