Восочната фигура на Меган одвоена од Хари

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Восочната фигура на Меган одвоена од Хари

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38) ја доби својата восочна фигура во лондонскиот музеј на восочни фигури пред да се омажи за принцот Хари (34) минатата година. Фигурите беа поставени една до друга, но сега се разделени.

Управата на музејот ја префрли фигурата на Меган кај нејзините познати пријатели Том Харди (41), Бекамови и Пријанка Чопра (37), кои беа гости на нејзината свадба.

И покрај тоа што е член на кралското семејство, Меган сè уште го живее својот живот на модерен начин. Ние во музејот сакаме да го покажеме нејзиниот независен статус. Таа нема да остане таму засекогаш, не ја раздвојуваме нашата љубовна двојка. Само ѝ овозможивме на Меган да се дружи со своите познати пријатели некое време“, рече Стив Дејвис (61), генерален директор на музејот.

Восочната фигура на принцот Хари ќе биде ставена веднаш до другите членови на кралското семејство.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата