(ФОТО) Голи оток по шест децении – ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ОЗОГЛАСЕНИОТ ОСТРОВ

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Голи оток по шест децении – ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ОЗОГЛАСЕНИОТ ОСТРОВ

Голи оток по шест децении е напуштен и единствените посетители се љубопитните туристи, нудисти и ретки истражувачи. Сега на островот се останати само овци, кои ги носат на пасење селаните од Раб, како и зајаците одгледувани за лов од жителите на околните острови.

Поради недостиг на вода, змија ретко се наоѓа. Засадувањето дрвја долги години беше неуспешно – само суви стебла се останати на островот. Покрај напуштените згради, овие стебла остануваат еден вид споменик на тортурата што ја претрпеле политичките затвореници: една од мачењата била наредбата затворениците да засадат дрво и да го заштитат од сонцето со нивното тело. Биле обезбедени 0,5-0,7 литри вода за секое дрво (нема извори на вода за пиење на Голи Оток), додека на затворениците им следувале по 0,2 литри, или една чаша на ден.

Островот се протега на површина од околу 4,7 километри. Голи оток е најмалиот од трите острови во близина на популарната туристичка дестинација Раб, се вели во репортажата што на објави балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Островот Голи Оток во Јадранското Море, познат и како „хрватски Алкатраз“ од 1949 до 1956 година беше единствениот камп на „политичко образование“ на територијата на поранешна Југославија. Првично беше основан за казнување на југословенските сталинисти, односно оние кои ја поддржуваа Резолуцијата на Информбирото  за Југославија (1948) и затоа беа прогласени за „непријатели на југословенскиот народ“. Првата група на политички затвореници пристигнала на островот на  9 јули 1949 година.

Пред да се воспостави кампот, островот бил ненаселен. Повеќето од овој комплекс е изграден од затвореници. Историчарите веруваат дека првиот камп на голиот остров е основан за време на Австро-унгарската империја за време на Првата светска војна. Неговите затвореници наводно биле руски воени заробеници.

Од 1956 до 1980 година, комплексот бил официјално користен како логор за ,,превоспитување” на  „противниците на комунизмот“. По смртта на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито во 1980 година, кампот бил претворен во колонија за малолетници, која била затворена истата година, бидејќи меѓународните организации за човекови права ја обвиниле Југославија за нехумано постапување со затворениците. По комплетното затворање на комплексот во 1988 година, заминале и неговите последни чувари.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата