Редок ,,Џејмс Бонд Ролекс” оди на продажба – може да достигне цена од 280 илјади долари

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Редок ,,Џејмс Бонд Ролекс” оди на продажба – може да достигне цена од 280 илјади долари

Pеткиот ,,Ролекс” кој го носеше актерот Шон Конери во првиот филм на Џејмс Бонд – ,,Доктор Но” (Dr. No) оди на аукциска продажба. Иако часовникот не поседува ласер, детонатор или какви било други скриени гаџети, според проценките, сепак може да достигне цена и до 280.000 американски долари.

Часовникот од нерѓосувачки челик се верува дека е произведен во 1958 година. Аукциската куќа која стои зад продажбата – Сотби наведува дека делови на часовникот се излебледени, но дека сказалките се добро сочувани. На него немало гребнатини и оштетувања.

И другите актери кои го глумеа Џемс Бонд, вклучувајќи ги Роџер Мур, Тимоти Далтон и Џорџ Лазенби исто така носеа ,,Ролекси”, кои содржеа најразлични додатоци.

Оваа недела на интернет продажба има и дополнителни 13 Ролекси, заедно со луксузни часовници од Омега, Хауер и Патек Филипе. Во четврток, целосно обновениот ,,астон мартин ДБ5″, користен од Бонд во „Голдфингер“ во 1964 година, ќе излезе на аукција во Монтереј, Калифорнија, каде се очекува да привлече понуди до 6 милиони долари.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата