И адвокатот Давидвиќ потврди: Судот во Шведска ја ОДБИЛ екстрадицијата на Дејан Давидовски!

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И адвокатот Давидвиќ потврди: Судот во Шведска ја ОДБИЛ екстрадицијата на Дејан Давидовски!

Адвокатот Звонко Давидовиќ го потврди пишувањето на порталот Вечер дека судот во Шведска го одбил барањето за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за случувањата во собранието на 27 април 2017 година, со образложение дека се работи за политичко а не криминално судење и дека нема докази за дело тероризам. Давидовиќ тоа го изјави за порталот Независен:

Првостепениот суд во Шведска уште минатата недела го одбил барањето на Македонија. Сега, според процедурата, слично како и во свежиот случај со Томор Морина и барањето од Србија за екстрадиција, втората инстанца е Врховниот суд, а последната – Владата во Стокхолм, вели адвокатот Давидовиќ за Независен.

„Ми се јави адвокатот на Давидовски што го застапува во Шведска и лично ми соопшти оти одлуката на шведскиот суд е донесена во 18 точки и во нив експлицитно се објаснува оти не може да дојде до екстрадиција со образложение дека станува збор за политички, а не криминален процес и оти не постојат доволно докази за делото за кое е обвинет во земјава – тероризам. Другата страна сега има право на жалба по одлуката, а по конечната одлука, ќе биде дадена на увид на странките во Македонија“, вели Давидовиќ за „Независен весник“.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата