Шумските пожари во Грција надвор од контрола, се заканува еколошка катастрофа

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шумските пожари во Грција надвор од контрола, се заканува еколошка катастрофа

Неколку илјади пожарникари се борат со шумски пожари во Грција, а најголемиот е на островот Евија, северно од Атина, кој и натаму е вон контрола, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Сепак, според денешните информаци во грчките медиуми, ситуацијата е малку подобра во споредба со претходните денови.

„Се чини дека ситуацијата е подобра, пожарникарите направија големи, натчовечки напори„, изјави регионалниот гувернер за цернтрална Грција, Костас Бакојанис, за телевизијата „Скај“.

Бакојанис изјави дека пожарите биле исклучително тешки за гаснење, но истакна дека во нив не се загрозени човечки животи.

Во Грција избувнаа 56 пожари во рок од 24 часа меѓу понеделникот и вторникот.

Порталот „Катимерини“ пожарот во централна Евија го нарече голема катастрофа за животната средина. Пожарот зафатил реон од 12 километри, поради што прогласена е вонредна состојба.

Пожарот на островот Евија синоќа беше надвор од контрола во близина на селата Макримали, Контодеспони, Платани и Ставрос, чии жители беа евакуирани заедно со монасите од еден манастир.

Вкупно евакуирани се околу 500 жители од областа. Некои беа пренесени со полициски автобуси, додека други користеа свои возила.

Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата