САД забранија некои лаптопи на Епл во авиони поради опасност од пожар

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД забранија некои лаптопи на Епл во авиони поради опасност од пожар

Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување модели на преносни компјутери Макбук Про на „Епл“ во авиони, поради опасност дека батериите би можеле да предизвикаат пожар.

Во јуни „Епл“ соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи Макбук Про со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата