Loading..

Операта во Лос Анџелес соопшти дека ќе ги истражи обвинувањата за сексуално злоставување изнесени од неколку певици и една танчерка против славниот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (78).

Според тврдењата на девет жени од операта, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото удварање. „Ла Опера“, чиј генерален директот е Доминго најави дека ќе ангажира надворешен советник да ги истражи загрижувачките наводи за оперскиот пејач.

Доминго обвинувањата ги нарече длабоко вознемирувачки и неточно претставени, додавајќи оти верува дека неговите разговори и односи биле добродојдени и обострано прифатени.Операта во Сан Франциско и Филаделфискиот оркестар ги откажаа планираните настапи на Доминго во септември и во октомври.

Оценет како еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, Доминго исто така е и диригент и директор на операта во Лос Анџелес. Повеќекратниот добитник на Греми е неизмерно почитувана фигура во неговиот музички свет, опишан од колегите како човек со огромен шарм и енергија, кој работи неуморно за да ја промовира својата уметничка форма.

извор: Makfax

Најчитани вести