АВМУ: Премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АВМУ: Премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи.

„Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност“ се вели во реакцијата.

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата