Новак Ѓоковиќ не ги сака нивните милиони евра! Цела планета зборува каква громада излегол...

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новак Ѓоковиќ не ги сака нивните милиони евра! Цела планета зборува каква громада излегол...

Новак Ѓоковиќ одбил да рекламира најголема светска обложувалница, не сакал да испраќа лоша порака на милион луѓе ширум сцетот на кого им е идол.

Најдобриот тенисер во свет неодама не се согласил за баснословна понуда вредна неколку милиони евра веројатно од најголем ланец на обложувалници на планетата.

Тоа е негово трето “не“ да рекламира вакви компании кои се насочени кон носители на титула и важат за најдоби во историјата. Инаку самиот Ѓоковиќ зборувал за тоа дека одбира со кого ќе соработува и дека паричната понуда апсолутно не е пресудна.

- Барам партнери кои се општествено одговорни. Спонзорството за мене отекогаш било важно, особено во последно време. Јас како човек се поистоветувам со вредноста на тој партнер а и тој со мене. Мора да постои компактибилност, инаку не ќе можеме да фунционираме – раскажал Ѓоковиќ.

Тој објаснил зошто бира кого ќе рекламира.

- Имам свои лични ставови, увреувања, поглед на свет, здрав начин на живот. Ако таа компанија не се вклопува во тоа, тогаш не сакам да соработувам. Финансиските сретства се секундарни во таа соработка. Повеќе од било кога привлекувам големо внимание, многу луѓе ме следат и чуствувам пораките кои ги праќам, како директно, така и индиректно, имаат големо влијание врз нечии живот – заклучил Новак Ѓоковиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата