Научниците на чекор поблиску до пронаоѓање лек за еболата во Конго

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Научниците на чекор поблиску до пронаоѓање лек за еболата во Конго

Два нови третмани против ебола се покажаа толку ефикасни што им се нудат на сите пациенти во Демократска Република Конго, каде што сегашната епидемија на болеста е втората најсмртоносна досега.

Првите резултати од тестирањето на лековите покажуваат дека научниците се еден чекор поблизу до истребување на болеста од која од минатото лето во Конго загинаа над 1.800 луѓе.

„Отсега, повеќе нема да велиме дека ЕВД (болест на вирусот ебола) е неизлечива“, Жан-Жак Мијембе-Тамфун, генерален директор на федералниот институт за медицински истражувања на ДРК изјави за новинарите. „Овој напредок, во иднина, ќе помогне во спасување илјадници животи.

Првичните резултати откриле дека 499те пациенти кои ги примиле двата третмани имале поголема шанса за преживување. Двата ефикасни лекови покажале уште подобри резултати кај пациентите кои биле лекувани рано, рече Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД) и еден од истражувачите што го водеше тестирањето.

„Тоа значи дека сега имаме лек за болеста, за која не многу одамна, воопшто немавме терапевтски пристап“, рече Фаучи на прес-конференција.

Истражувачите потенцираа дека ова се првични резултати и дека се потребни дополнителни истражувања.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата