Џиџи Хадид: „Немојте да летувате таму, потрошете ги вашите пари на друго место!“

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џиџи Хадид: „Немојте да летувате таму, потрошете ги вашите пари на друго место!“

Манекенката Џиџи Хадид (24) си ветила дека нејзината нога повеќе никогаш нема да стапне таму.

Се работи за грчкиот остров Миконос. Нејзината одлука таа ја донеал откако со нејзината сестра Бела (23) биле ограбени во текот на престојот во некоја луксузна вила.

Крадецот провалил во нивната вила и украл накит, гардероба, чанти и очила, пренесуваат од “Бизнис Инсајдер“.

Нивниот татко, Мохамед Хадид изјавил дека неговите ќерки многу се потресле поради овој несреќен случај.

„Џиџи ми се јави од аеродром. Многу се потресе поради сè. Тие биле надвор со нивниот телохранител за време на кражбата. Кога се вратиле виделе дека куќата е обиена и дека работите им ги нема“ - изјавил Мохамед Хадид.

Џиџи и Бела на Миконос отишле минатата недела за да го прослават роденденот на нивната постара сестра Алан, а за враќање оттаму резервирале приватен авион.

„Никогаш повеќе нема да се вратам на Миконос. Таму ме ограбија. Не му препорачувам на никој да оди на овој остров. Потрошете ги вашите пари на некое друго место“ - напишала манекенката ан Инстаграм.

 

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата