Еден починат од труење со храна, две деца во болница во Хрватска

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден починат од труење со храна, две деца во болница во Хрватска

Еден странски државјанин денес е пронајден мртов на брод, а четири лица се пренесени во сплитската болница поради лоша здравствена состојба, соопшти полицијата на Сплитско-далматинската жупанија.

Меѓу лицата пренесени во болница се и две деца, а како што се наведува, најверојатно се работи за труење со храна, пренесува „Индекс“.

Порталот „Далмација“ денес соопшти дека тие се италијански државјани.

Мажот починал пред да пристигне брза помош, додека две деца во тешка состојба биле пренесени со хеликоптер до детскиот оддел во болницата во Сплит.

Хеликоптерот подоцна се вратил по уште две лица кои се чувствувале добро и биле пренесени во одделот за инфективни болести.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата