Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ

Познатиот српски сценарист и драмски писател Гордан Михиќ почина на 82-годишна возраст, погребан е на гробиштата на манастирот Рајиновац, објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ преку „Твитер“, јави РТС.

Тој беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предаваше филмско сценарио.

Негови дела се бројни сценарија за филмови и серии што влегоа во историјата на југословенската и српска кинематографија – „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Врани“, „Камионџии“, „Чувар на плажа во зимскиот период“, „Враќање на отпишаните“, „Кучето што ги сакаше возовите“, „Мала ноќна музика“; „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, како и македонскиот филм на режисерот Столе Попов, „Среќна Нова 49“, за кој во 1986 година ја доби Златната арена на филмскиот фестивал во Пула.

Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес во српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека.

Тој беше во брак со актерката Вера Чукиќ, со која ја има ќерката Ивана Михиќ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата