Денеска претопло - ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА во наредните денови

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска претопло - ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен.

Во Скопје и околината сончево и многу топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 41 степен.

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрвин во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата