Loading..

И покрај тоа што јавноста во Велика Британија ѝ е многу наклонета, Меган Маркл не е добро прифатена од пријателите на принцот Хари. Различниот начин на живеење и однесување влијаеше Меган да не се вклопи во високото општество на кое му припаѓа нејзиниот сопруг. Наводно, Меган веќе воопшто не ја канат на дружење бидејќи војвотката никако не може да се навикне на правилата на однесување на отмени вечери.

Меган, според британски „Мирор“, ги игнорира правилата на однесување што наложуваат маж и жена да не седат еден покрај друг на маса. Војвотката, наводно, секогаш седи до принцот, додека другите дами ги почитуваат правилата. Правило е да се избегне прекумерно изразување емоции и допирање меѓу сопружниците, што важи за многу непристојно во високото општество во Велика Британија. Бидејќи Меган не ги почитува правилата, многумина престанаа да ја канат на отмени вечери.

извор: Makfax

Најчитани вести