ЕДЕН ПОВРЕДЕН: Карамбол кај Порта Влае, се судрија четири возила

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕДЕН ПОВРЕДЕН: Карамбол кај Порта Влае, се судрија четири возила

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот „Партизански одреди“ близу комплексот згради „Порта Влае“. Во несреќата учествувале четири возила, „ауди караван“ со бугарски регистарски ознаки и „мерцедес“, бе-ем-ве“ и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки.

Според очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.

Очевидците тврдат дека возачот на аудито бил во алкохолизирана состојба.

На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.

Извор: ПресингТВ

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата