Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за придржување кон владеењето на правото. Ова го порача американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс, која на „Твитер“ ја сподели вчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“.

„Како што кажавме претходно, ова се сериозни обвиненија што налагаат сериозен одговор кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за придржување кон владеењето на правото“, напиша Бернс на Твитер.

извор: Makfax

Најчитани вести