Амбасадорката на САД Кејт Брнс: Време е за сериозен одговор за Рекет

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амбасадорката на САД Кејт Брнс: Време е за сериозен одговор за Рекет

Како што рековме и претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже дека е посветена на заложбата за придржување кон владеење на правото. Ова е твитер-пораката на Кејт Брнс, американската амбасадорка во Македонија по објавувањето на последните информации за случајот „Рекет".

Вчера на Твитер се огласи еврокомесарот Јоханес Хан.

„Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучувајќи ги и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача еврокомесарот Хан.

Пред Хан, се јави поранешната европратеничка од Германија, Дорис Пак, која се прашуваше зошто не реагирала Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и дека решението за името на државата не е оправдување за криминалната реалност.

„Зошто не реагира ЕЕАС? Граѓани ми пишуваат, ми се јавуваат, тие се чувствуваат напуштено!!! Решението за името не може да се користи за затворање на очите пред криминалната реалност! Северномакедонскиот премиер се споменува во третото видео за Рекет“, напиша Дорис Пак на Твитер.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата