Слаѓана Тасева од Транспарентност: Истрагата за рекетот личи на опструкција

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слаѓана Тасева од Транспарентност: Истрагата за рекетот личи на опструкција

Чудно, несекојдневно и на ниво на опструкција, вака Слаѓана Тасева претседателката на Транспаренси интернешенл за Телма ја коментира истрагата за случајот во кој е вплеткана и специјалната обвинителката Катица Јанева. Досега требало да се земат изјави, а не да се мисли на одмор.

Посебна приказна е што доказите во постапката кои се во обвинителството почна да ги објавува ниско тиражен италијански весник кој поради милионот во Луј витонот ги урива рекордите на својот јутјуб канал со звучни имиња од македонската политика, бизнис и обвинителство.

На снимките се слуша Катица Јанева, но таа иако е специјален обвинител во оставка си зеде одмор и од денеска е во својата канцеларија.

Додека беше на одмор испрати две лични соопштенија преку сајтот на СЈО. Нема уште термин за нејзин распит, иако нашите соговорници велат дека досега морала да даде исказ.

Главните прашања се како сега на вистинската патека ќе се врати истрагата за кешот кој се уште не е најден и за кого бил наменет и кој од владеачките структури е вмешан во целата работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата