Се појавија рендери од претстојниот смартфон на LG – G8X со две битни разлики. Од предната страна се наоѓа засек во облик на капка, додека на задната страна нема сензор за отпечатоци од прсти.

Ова сугерира дека LG G8X би можел да имплементира сензор за отпечатоци кој е сместен во екранот, што дополнително значи дека нема да постапи ни LG Air Gestures функцијата.

LG G8X не делува како директен наследник на LG G8 ThinQ моделот, туку повеќе како телефон што ќе го покрие средниот сегмент на пазарот. Останува да се види дали телефонот ќе биде претставен во текот на IFA саемот во Берлин, како и дали LG планира нов модел од V серијата, со кој јужнокорејската компанија ќе го покрие премиум сегментот.

 

извор: USB.mk

0

Најчитани вести