Реков сакам „јагуар“, не ова: Син фрлил во река „БМВ“ подарок од неговите родители

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реков сакам „јагуар“, не ова: Син фрлил во река „БМВ“ подарок од неговите родители

Неименуван Индиец бил толку разочаран од автомобилот што го добил како подарок за роденден од неговиот татко, што решил да направи радикален потег.

Момчето (22) добило „БМВ“ во вредност од околу 49.000 долари од неговиот татко, но сакал „јагуар“, кој чини нешто повеќе. Тој бил толку разочаран и лут што го турнал новиот автомобил во една река во северната индиска држава Харајана, јави „Кликс.ба“.

Полицијата започна истрага за целиот случај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата