Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

Премиерот Зоран Заев денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека за две години во државава има нови 49.552 вработувања и оти тие бројки се однесуваат за нововработени граѓани, а не за новоиселени.

Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години! Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку ново-вработени граѓани, тука, во нашата земја, наведе Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата