Регулаторна тукушто ги објави новите цени на горивата – максималните цени на бензините се намалуваат за по три денари, додека дизелот поевтинува два денари!

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за значителни 4.8%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 3.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.00 денари, и еден литар дизел ќе чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

0

Најчитани вести