Понеделнички

Боки Тредичи, од /////

11.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки Тредичи, од /////

Што да кажам? Штом Заев го зема Цацко да му биде советник во кабинетот прашање на ден беше кога владата ќе се претвори во скечовите на К-15. Владава се надмина, и од скечеовите од К-15 премина во Кум 1, Кум 2, Кум 3... Она што Цацко сега го чека е да се смени раководството на МТВ па да се згне со нови проекти, и пак да ги заглави за 500.000 евра како што тоа им го направија со другарите му на националната телевизија претходно, во време на претходната власт на СДСМ.

Скапи му се на Заев вицовите што Цацко му ги раскажува. Со Боки Тредичи и Цацко циркусот со лажниот Порошенко ти следи како логична последица.  

Па ако на листата профитни советници на Заев го додадеш и Љубе Бошкоски, ќе видиш дека продажбата на уставно име уствари да ти било проект кој не е изум на Заев, Никола Димитров, Шекеринска... На Љубе тоа му текнало пред нив.

Просто се чудам како Љубе Бошкоски, покрај сите аргати на СДСМ, не доби од Фонд за иновации барем 100.000 евра, колку да ја надомести загубата од кешот што Маноли му го даде во кеса од Зара во онаа прилика, кога Љубе беше уапсен пред камери. А што знам, може Заев и да му дал на Љубе 100.000 евра како надомест за штета од првиот обид за продажба на уставното име, па слушавме сите како Заев во разговор со лажниот Порошенко со леснотија нуди 100.000 евра за поткуп. Човекот си има 100.000 евра при рака секогаш, за секој случај, колку да тргне бизнисот, а поткупот му е рутина. Што ја гледаме и денес.

А денес гледаме видео серија за поткуп, уцена и рекет вршена од милениците на Зоран Заев, премиерот на Македонија кои, одеднаш, тој едвај ги познава. А толку се бореше за нив. За Боки Тредичи вршеше промоција, пола врв на СДСМ му прати во невладината за рекетот да добие на тежина и покритие. Радмила Шекеринска стана домашен пријател на Боки Тредичи кај кого оди на вечери и размена на мислења за стартешките определби на државата. Тоа што по Фејсбук и Твитер фрчат слики на скапи кондури и други подароци од Боки Тредичи за Шекеринска, тоа е само признание за нејзината 25 годишна кариера во политиката која, и онака, на Шекеринска и се памети само по ултра скапите гардероби. И петте станови.

А Катица и Заев... тоа е синергија, хемија на единство. Тие, едноставно, не можат еден без друг. “Не ни треба ова обвинителство на Зврлевски“ викаше Заев од митинзите на СДСМ , “ни треба СЈО, ние ги созададовме, сега од нив чекаме да испорачаат аспења, обвиненија, пресуди...“ наредуваше Заев, тогаш. Денес едвај се сеќава која е Катица Јанева и бара истрага за неа. За неа, за да нема за него.

А истрага има, и ќе има, без оглед што Јовевски и обвинителството прават се што можат работата да се заташка, да помине време без последици за Заев, СДСМ и Катица Јанева. Има една разлика: ако Обвинителството ја ставеше Катица во осомничени веднаш, ќе собереа слава и авторитет затоа што тогаш тоа ќе беше нивна одлука. Сега, се што ќе преземат е акција под притисок на Вашингтон, на нашата јавност и притисок од објавените материјали - затоа што мораат. Авторитетот и довербата веќе ја загубија. Само доказите кои ги виде јавноста, а има и многу други, се доволни за акција. И тоа акција за Боки, Катица но, да не заборавиме, и за невладината на Боки со функционерите на СДСМ.

Заташкувањето го гледаме и, да се потсетиме, Митко Чавков доби 18 години затвор затоа што не преземал на време соодветни мерки. Повеќе и од оние кои ги сториле делата. Десетина адвокати како Тортевски, Анита Бегова, Звонко Давидовиќ, Јанаки Митровски, Александар Наков... констатираа дека Обвинителството не делува според законот.

Катица изјави дека само два пати се видела со Боки Тредичи, и тоа во нејзината канцеларија во СЈО. Арано ама, тргнаа бомбите па еве ги Катица и Боки во кафана, Катица и Боки во Ден и ноќ, Катица и Боки заедно во кола... Заедно во добро, а сега и во лошо. Катица тврди дека разговарала со Орце за да и биде сведок за други случаи, додека слуша разговор за исплати на милион евра на Боки Тредичи со лице во куќен притвор кое не смее да комуницира со никого.

Целата состојба е производ од создавање незаслужена, огромна моќ без контрола на СЈО, Катица Јанева и Заев. Дали сега е јасно дека тие владееле со се: со судбини, со медиуми, со судии, обвинители... Дури и Боки Тредичи однапред го знае распоредот на судиите во Кривичен и кој ден Катица за кој клиент кај соодветен судија ќе порача, договори и добие пресуда. Сите судии што ги спомнува во разговорот донесоа пресуди како што Боки Тредичи му најавува на Орце Камчев во разговорот. Се правел театар со прогон и местени судења на луѓе кои не се финансиски интересни за во позадина да се наплаќаат рекети од оние кои имаат пари. Сите предмети на СЈО се сомнителни, сите бараат истрага и ревизија.

Интересно е кој обвинители ги воделе случаите на Телеком, на Поштенска банка, Империја... и како се развивала ситуацијата таму споредено со најавите на Боки Тредичи. Ќе видите дека Боки не зборел напамет, добро бил спреман од Катица Јанева. А дали обвинителите на СЈО биле користени и злоупотребувани од Катица Јанева за профит - е нивни проблем, а решение им е да пропеат во истрагата за да се заштитат себе, во најмала рака да не ја загубат кариерата и образот. И познатиот Ел Чека објавува компромитирачки разговори за ДУИ, и тој се вмеша во бомбиве за СЈО па нешто кажа за проширување на темата.

Просто е шокатно како веднаш по отварање истрага од Финансиска полиција или СЈО на 1ТВ се појавуваат реклами од фирмите на газдите кои СЈО ги гони. Па ги гледаме Пелистерка, Тинекс, Систина, Ноел Гевгелија... на кои, ете, им текнало баш кога ги гонат од СЈО дека им требаат реклами кај Боки на 1ТВ за да го зајакнат брендот и својата позиција. А шеф на правната служба во 1ТВ е синот на Катица Јанева.

Јас се уште верувам дека обвинителката Лиле Стефанова од СЈО не е дел од планот и парите од Рекет, дека Катица ја злоупотребила за сопствени потреби, и веќе во вторник од нејзината изјава пред Јавното обвинителство ќе добијам доказ за тоа. Катица е донесена на чело на СЈО од смокварник, самобендисана и заслепена од сопствената неконтролирана моќ добиена на подарок, и сето ова е логична последица од тој формат. Лиле Стефанова е обвинител со кариера, и не верувам дека би влегла во ваква комбинација. Верувам дека клучниот исказ против Катица Јанева ќе биде токму од Лиле Стефанова и две нејзини колешки од СЈО.

Освен Лиле Стефанова, чекам да видам и што ќе преземе Бранко Црвенковски. Да, да... тој Бранко Црвенковски кој се уште СДСМ го смета за свое дело, и свое дете, и нема да седи од страна и да гледа беден распад на партиската империја. Бидете сигурни во тоа. Во тимот на Зоран Заев е неговиот кадар Зоран Верушевски, и ударот за политичко остстранување на Зоран Заев одвнатре ќе почне од Зоран Верушевски кој, и онака, не е доволно алиментиран од Заев за се што направи за него.

Пендаровски, носителот на златна маица на СЈО заедно со министерот Димитров – молчи. А не смее да ќути, датумот за почеток на преговори со ЕУ е дефинитивно урнисан со оваа афера на Владата, СЈО и Боки Тредичи. Албанија дури и ни се заканува ако почнеме преговои пред нив. После ова во Тирана можат да спијат на раат. Нема датум за преговори во октомври. Ни за нас, ни за нив.

Оваа видео серија не е крај. Како што напишав пред неколку недели, ова е почеток. Веќе од септември и октомври СДСМ ќе се пече на жежок оган од нови скандали со милиони евра, и овде но и од странство. Со наместени судски процеси во кои државата губи милиони евра, а парите се делат со тужителот, со притисок власта да расчисти со нарко дилерите од Арачиново и Грчец кои на СДСМ му донесоа гласачи... по што Заев и оваа власт едвај ќе чекаат вонредни избори. Да се паметни, што побргу - за нив подобро, и со помала штета. Но, не се паметни.

Власт која ја предала судбината во раце на Катица и Боки Тредичи, и води држава во која македонското државјанство го нема, туку до пред некој ден наместо македонско во изводот од матично стоеа /////, таа власт нема иднина.

Како што милуваше да кажува Зоран Ѓинѓиќ: секоја држава има мафија, само нашата мафија – има држава.

(12.08.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата