Ѓорѓиевски: Заев не може да го уапси Заев, РЕКЕТ НЕ БИ СЕ СЛУЧИЛ БЕЗ ВЛАСТА

11.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓорѓиевски: Заев не може да го уапси Заев, РЕКЕТ НЕ БИ СЕ СЛУЧИЛ БЕЗ ВЛАСТА

Во интервју за Вечер.мк, Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев не може да го уапси Заев за аферата Рекет, дека Катица Јанева одамна требаше да биде уапсена, а разрешница на оваа ситуација се предвремени избори и промена на власта. Ако се прашува Заев разрешница нема да има. Единствено нешто кое може да ја придвижи целата истрага е притисокот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заедница, вели Ѓорѓиевски во интервју за Вечер.мк

 

Изминатиот период има многу афери, скандали повеќето поврзани со корупција, разрешниците не се наповидок, зошто?

Тоа е така затоа што криминалот и корупцијата извираат директно од власта. Главата на криминалниот октопод во Република Македонија е Зоран Заев. Независно дали се работи за ситен криминал или милионски рекет ништо не поминува без “амин” на Заев. Во една таква ситуација, разрешница не е можна. Заев не може да го уапси Заев. Во Република Македонија владее безредие и хаос, единствено организиран е криминалот на оваа влада и нивните јуришници. Токму затоа и бараме предвремени парламентарни избори и сме се погласни во однос на тоа прашање. Расчистување со криминалот додека е Заев на власт нема да има. Потребна е промена на власта и ослободување на правосудството од стегите на криминалците кои моментално ја запоседнале Илинденска и се претставуваат себе си како политичари.

 

 

Сметате ли дека може да се очекува наскоро разрешница на слујаот Рекет?

Се што оваа власт прави е во насока воопшто да нема разрешница, по можност и да се заборави случајот. Видете, не може да има милионски рекет, да се изнудувани десетици бизнисмени, во период од безмалку две ипол години, а власта за тоа да нема никаква информација. Службите имаат капацитет и се должни да го препознаат ваквиот криминал и да ги предупредат највисоките претставници на власта.

Заев добил информации од службите за дејствувањето на Бојан Јовановски, во тоа бидете сигурни. Но зошто не преземале ништо сигурно погодувате.

Конкретни чекори се преземени, кога според информациите кои кружат низ безбедносните кулоари, нашите стратешки партнери од Западната алијанса на неколку пати предупредиле и алармирале дека случајот не треба да се затскрива туку да се реши. И да притисокот од меѓународната е голем, не за да се заштити криминалот, туку да се сузбие. Да беше на слободната волја на Заев, ниту Кичеец, ниту Боки 13 ќе беа во притвор, напротив немаше да има ниту отворено предмет.

И сега вие имате ситуација во која власта сака целата вина да ја префрли единствено врз двајца извршители, Кичеец и Боки 13, кои се само машата во рацете на Заев. Катица, без чија помош рекетот би бил мисловна именка е на слобода. Како што кажа почитуваниот господин Давидовиќ, да се работеше за друг човек до сега ќе беше во притвор, а не слободно да се шета низ светот, и никој ништо да не и може. Па губи телефони, па го форматира. Буквално прави циркуз од целиот систем.

Токму затоа , ако се прашува Заев разрешница нема да има. Единствено нешто кое може да ја придвижи целата истрага е притисокот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заедница.

 

 

Законот за јавно обвинителство е оставен за по одморите. Ќе има ли спороред вас слух за предлозите на опозицијата, последната средбата не покажа такви резултати?

Дали ќе има или не резултати зависи од СДСМ. Во нив е топката. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија, во интерес на Македонија седна и предложи конкретни забелешки по однос на текстот, со конкретни предлози што и во кој сегмент треба да се поправи. Ние се што предлагаме од областа на регулативата е во насока на европската и меѓународната правна пракса и прифатените норми од цивилизираните народи. Од страна на власта секогаш имаме полу решенија со комунистички методи вградени внатре.

 

 

Колку сите овие случувања покажуваат на вмешаност на политиката во правосудниот систем?

Не само овие, земете го целиот период додека Зоран Заев е на власт и ќе ја видите неговата рака врз правосудниот систем. За човекот имаше снимени материјали, од кои се слуша како бара мито од 200.000 евра, а на крајот судот го прогласи за невин.

Постојат сериозни сомнежи за криминал на Драги Рашковски, а сеуште нема поведено ни случај од ЈО. И така во низа, можам да набројувам до утре. Јасна е спрегата на власта со  правосудство, таа е видлива за граѓаните и тоа е синџирот кој треба да го скинеме.

 

 

Поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ повикува на предвремени избори. Според вас кога е реално да се случат парламентарните избори?

Предвремени избори треба да се случат најбрзо што може. Потребно е само период од 100 дена техничка влада. Ние веќе предложивме два термини, едниот е на почетокот на април, другиот на крајот на мај. На власта останува да не го опструира процесот, да не ги мачи граѓаните и да се охрабри да излезе на избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата