Боки 13 минатиот роденден славеше на луксузен италијански начин, а годинава преку италијански медиуми ќе прослави во затвор (ФОТО)

10.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 минатиот роденден славеше на луксузен италијански начин, а годинава преку италијански медиуми ќе прослави во затвор (ФОТО)

Топ тема овие денови во Македонија, но и регионот е изнудувањето на рекет од страна на Боки 13 врз Орце Камчев.

Откако италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска по трет пат објави видео снимка од изнудувањето рекет јавноста е во неверување од вмешаноста на Катица Јанева и Заев, кои Боки 13 директно ги споменува, а со Јанева дури телефонски зборува пред Камчев.

 

И додека македонската јавност е згрозена од целиот овој случај, а клопчето полека се одмотува, Боки 13 е во притвор каде најверојатно ќе го прослави и својот 33 роденден на 19 август годинава.

Додека со години живееше во луксуз и изнудуваше рекети тој  прославуваше родендени на гламурозни начини, со пејачи, скапи храни, пијачки, а минатата година како да си го предвиде својот 33-ти роденден во затвор, па прослави на италијански начин.

-Прославата може да почне, италијанска вечера за мојата 32, мала Сицилија во Скопје, напиша минатата година Боки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата