Македонија го совлада Бахреин и се „чекира“ во осминафиналето на СП!

9.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија го совлада Бахреин и се „чекира“ во осминафиналето на СП!

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата цел и се пласира во осминафиналето на Светското првенство (СП) откако славеше над Бахреин (25-27) и дојде до сигурно место меѓу најдобрите четири селекции во групата.

По триумфот над Нигерија, нашиот национален тим прокнижи уште една победа, па сега во наредните мечеви ќе разигрува за подобар пласман во групата и подобро вркстување. До финишот на групната фаза, Македонија ја чекаат уште два натпревари, против Јапонија и Данска.

На овој натпревар најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со 10 гола од 14 обида, додека Ненад Костески постигна седум погодока. Кај Бахреин, Али даде 11 гола, а Алзаимур заврши со пет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата