Рама: Преговорите со Северна Македонија пред Албанија би предизвикале штета во регионот

9.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама: Преговорите со Северна Македонија пред Албанија би предизвикале штета во регионот

Албанскиот премиер, Еди Рама ги предупреди земјите-членки на ЕУ дека ќе било штетно за регионот ако Северна Македонија ги почне пристапните преговори пред Албанија, пренесе албанската телевизија „Топ ченл“.

„Би било многу штетно за регионот, а истовремено и неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува пофалби, но прашањето е дали нам ни е потребен конфликт за да се процени она што ние го правиме“, изјави Рама во интервју за „Еуроњуз“.

Во интервјуто шефот на албанската влада говореше за улогата на Европскиот совет во интеграциите на Западен Балкан во ЕУ, нагласувајќи дека Советот не го зема в предвид она што го прави власта во земја каква што е Албанија, туку се раководи од ситуацијата и динамиката на внатрешните политики во земјите членки на ЕУ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата