Момче од Холандија пронајдено повредено на Пелистер

8.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Момче од Холандија пронајдено повредено на Пелистер

25-годишно момче од Холандија е пронајдено повредено на Пелистер. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување, денеска околу 13:35 часот до Подрачното одделение-Битола пристигнала дојава за изгубено лице.Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија.

Тој се упатил од селото Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер. ,,По лоцирањето на изгубеното лице,тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен и во 15:10 часот го пронајде лицето над селото Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата