Според Форбс: Серена Вилијамс најплатенa спортисткa со годишен приход од 29,2 милиони долари

7.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Според Форбс: Серена Вилијамс најплатенa спортисткa со годишен приход од 29,2 милиони долари

Американската тенисерка Серена Вилијамс, која во кариерата има освоено 23 грен слем првенства, стана највисоко платена женска спортистка во минатата година, со приход од 29,2 милиони долари.

Списанието „Форбс“ ја објави листата на најплатените спортистки врз основа на приходите, спонзорствата и другите бонуси помеѓу јуни 2018 и јуни 2019 година.

По пауза од 14 месеци, 37-годишната Вилијамс се врати на терените и одигра 3 финални натпревари на последните 6 грен слем турнири. Нејзините приходи заедно со спонзорските договори достигнаа 29,2 милиони долари и се најде на првото место на листата на спортистки кои заработуваат најмногу.

Јапонскиот рекет Наоми Осака, која во кариерата ги освои УС Опен и Австралија опен, се најде на второто место со заработка од 24,3 милиони долари, додека германската тенисерка Анџелика Кербер се најде на третото место со приходи од 11,8 милиони долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата