Неочекуван пораз на македонските ракометари

6.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неочекуван пораз на македонските ракометари

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на првиот настап на Светското првенство (СП) кое се одржува во нашата земја. Загуби од Аргентинасо 20-23.

Избраниците на Данило Брестовац водеа во поголемиот дел од натпреварот, но неочекуваниот пораз дојде во финишот кога нашите млади надежи го прокоцкаа триумфот.

Наредниот меч за Македонија на кадетскиот Мундијал е за два дена.

Најдобар кај Македонија беше Никола Костески кој имаше шест гола од шест обида, Мартин Серафимов даде четири погодока од 15 обида, додека Михајло Младеновиќ заврши со три гола. Кај Аргентина, Гарсија даде седум гола, а Аравена заврши со четири.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата