(ФОТО) Се огласи претепаниот судија

6.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Се огласи претепаниот судија

По настанот во Сињ, каде беше тепан најдобриот хрватски судија Иван Бебек тој бил однесен во болница каде даде изјава за неколку медиуми.

-Ова беше класична „сачекуша“. Ме удираа по глава, имам неколку повреди во пределот и на вратот и рамото, навистина жалосно. Не научивме некои работи од минатото. Прашање е што е следно. Навистина не можам да поверувам дека ова се случува во 21 век во Хрватска, истакнал Бебек.

Инаку, Бебек бил претепан синоќа на паркингот пред ноќен клуб во Сињ.

Тој беше главен судија на вчерашниот меч на „Пољуд“ во Сплит помеѓу Хајдук и Локомотива Загреб (3-0), а после завршувањето на мечот заминал во Сињ и таму излегол во ноќен клуб, кога добил и ќотек, засега од неразјаснети причини.

Бебек го нападнале неколку лица на паркингот, а сѐ почнало во ноќниот клуб, кога имало вербална расправија со напаѓачите, по што судијата побарал од обезбедувањето да припази на него и на неговите пријатели. Но, откако го напуштиле клубот, Бебек тргнал кон паркингот и тука бил пресретнат, а по вербалните закани, му се пуштиле го турнале на земја и почнале да да го тепаат.

Неофицијално, низ јавноста веќе струи информација дека зад нападот стои сплитска „Торцида“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата