ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: НФЛ ѕвездата покажала како ѝ изгледаат стапалата

5.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: НФЛ ѕвездата покажала како ѝ изгледаат стапалата

Откако на тренинг пристигнал во балон на топол воздух, НФЛ играчот Антонио Браун сакал да покаже зошто се наоѓа на листата на повредени играчи, па споделил фотографија од своите стапала.

Браун во Оукленд Рејдерс пристигнал од Питсбург Стилерс, а потпишал 3-годишен договор вреден 73 милиони долари и се смета за една од клучните фигури во екипата на Џон Груден. 

Но, по своето спектакуларно пристигнување, Антонио тренирал само 30 минути, што покренало бројни прашања околу неговата присутност на листата на повредени, по што тој објавил фотографија од неговите стапала.

“The Athletic” известил дека 31-годишниот играч минатиот викенд посетил доктор и не се очекува дека предолго ќе отсуствува од теренот.

“Сите сме разочарани”, изјавил Груден. “Едвај чекам да започне сезоната”, додал тој.

Браун, кој на Инстаграм го следат повеќе од 3,3 милиони луѓе, фотографијата ја споделил на InstaStory, а потоа ја проследиле и бројни светски медиуми. Некои на шега го нарекле Фред Кременко, а фотографијата и вознемирила многумина.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата