Кога Ноле стои зад тебе, небото ти е лимит

Станија Призна се: Новак Ѓоковиќ ми помогна да станам позната, а невиноста ја дадов...

6.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Станија Призна се: Новак Ѓоковиќ ми помогна да станам позната, а невиноста ја дадов...

Популарната старлета Станија Добројевиќ кренала голема прашина со влегување во Задруга-2 по втор пат.

На сите им е познато пред да стане позната Станија студирала економија а потоа заминала за Америка каде што и работела. Студентските денови и биле исполнети 24 часа дневно, била омилена и на факлултет, како и во самиот наставен кадер. Во тие денови своите колешки ги водела на тениските мечеви на Новак Ѓоковиќ, додека тој сеуште не бил познат.

"Тие беа одушевени од него но и со тоа што бев добра со Новак, после неколку негови мечеви не повика на заедничко дружење, и тогаш почнаа да ме забележуваат папараците, кои во Америка ги има на секое ќоше. Почнаа да ми нудат работа за некои сетови, која јас како студент бев без пари, и едвај дочекав да го пополнм својот буџет", била искрена Станија.

Прозборела и за својот интимен живот, каде што открива кога ја изгубила невиноста

"Првиот мој бакнеж се случи во седмо одделение, првата љубов во втора година средно, невиноста ја загубив на 18 години. Дечкото ме чекаше полни две години. Бевме од ист калс, исти години, навистина се сакавме, првата врска траеше околу пет години. Се разделивме на крај на втора година на факултет, кога секој тргна по свој пат", рекла Станија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата